Соединетите држави забележаа повеќе од милион случаи на ковид во понеделникот, според Универзитетот Џон Хопкинс.

Џонс Хопкинс, кој го следи бројот на случаи од пандемијата, исто така пријави 1.688 смртни случаи во истиот период, еден ден откако главниот советник за пандемија на САД, Ентони Фаучи рече дека земјата доживува „речиси вертикално зголемување“ на случаите со ковид-19.

Фаучи предупреди дека се уште постои опасност од зголемување на хоспитализирањата поради зголемување на инфекциите, иако раните податоци сугерираат дека симптомите се поблаги во сојот омикрон.

„Единствената тешкотија е што ако имате толку многу случаи, дури и ако стапката на хоспитализација е помала со омикрон отколку со делта, сè уште постои опасност да имате зголемување на хоспитализирањата што може да го оптоварат здравствениот систем“, рече Фаучи во интервју за Си-ен-ен, пишува АФП.

Фаучи додаде дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) наскоро ќе објави појаснување за тоа дали луѓето заразени со коронавирус треба да направат негативен тест за да излезат од изолација.