Фото: Нова Македонија

Црна Гора

Нацрт-стратегијата за сајбер-безбедност на Црна Гора, во периодот од 2022 до 2026 година, предвидува формирање ново административно тело, односно, агенција за сајбер-безбедност. Според пишувањата во црногорските медиуми, планот е да се формира ново и одржливо тело за сајбер-безбедноста на национално ниво како резултат на новите предизвици во интернет-сферата. Предлагачот на оваа нацрт-стратегија е Министерството за јавна администрација, дигитално општество и медиуми, по предлог од Американската стопанска комора во Црна Гора.
Се споменува дека со воведувањето агенција за сајбер-безбедност, сегашниот тим за одговор на инциденти со компјутерска безбедност во сајбер-просторот на Црна Гора, ЦИРТ, би престанал со работа т.е. би се споил заедно со агенцијата. Засега, според информациите, не е прецизирано кои би биле надлежностите на агенцијата за сајбер-безбедност. Од Владата на Црна Гора кратко соопштија само дека во моментов се прави стратегија околу формирањето и финансирањето на новото тело во земјата.