Од ЈП „Улици и патишта“ по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје во текот на утрешниот ден од 8 часот наутро до 15:30 нема да работат, ги повикуваат надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР, да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.
– Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај ‘Веро џамбо’, Кеј 13 Ноември, Правен факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот ‘Холидеј ин’ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија – се посочува во известувањето од ЈП „Улици и патишта“.