Во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал денеска го привеле А.Е. (24) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело уцена.

Како што информираат од МВР, А.Е. побарал 3.000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии.

Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што биле преземени мерки и ѝ биле дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на уценувачот на претходно договорена средба во трговскиот центар.

Веднаш откако ги земал парите, 24-годишникот бил приведен, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.