Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека ќе свика Консултативен совет за национална безбедност за темата за Македонија во првата половина на јануари.
– Важно е да имаме став на ова политичко тело за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, но почитувајќи го бугарскиот национален интерес – изјави Радев по свеченоста на која Централната изборна комисија им ги врачи уверенијата на избраните претседател и потпретседател на Бугарија.
Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека има желба да се сретне со новиот македонски премиер во првата половина на јануари, истакнувајќи и дека предложил формирање на пет работни групи на двете држави – за економија, инфраструктура, евроинтеграции, култура и историски прашања, кои ќе се состануваат месечно.