Ирена Стерјоска Локвенец, советникчка од ВМРО ДПМНЕ во општинскиот совет, со
решение на градоначалникот Борче Јовчески е назначена за заменик градоначалничка на Општина Прилеп, во случаи на спреченост или негово отсуство, во согласност со
постапката утврдена со статутот.
Градоначалникот Јовчески денеска свечено и го врачи решението на заменик-градоначалничката Стерјовска Локвенец.
Инаку, Јовчески назначи и четворица нови в.д. директори на основни училишта. Во ООУ „Гоце Делчев” назначена е Снежана Котева, со ООУ “Добре Јованоски” ќе раководи Панде Николоска, доека нов директор на ООУ „Рампо Левката” е Жарко Бабаноски, а ООУ „Круме Волнароски” во населеното место во Тополчани е назначен Дејан Бунтески.
Ка.М.