Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, кој од утрово е недостапен, на Фејсбук се појави со видео-порака.
Тој изјави дека е на безбедно место и дека е добро.
– Јас сум здрав и добар – порача Реџепи на Фејсбук.
Им порача на лидерот на Беса и останатите дека не треба да се грижат за него, бидејќи како што рече, тој е на страната на Албанците, на сите граѓани на земјата и на сраната на НАТО и ЕУ.
Потенцираше дека има закани од одредени индивидуи, додавајќи дека откако состојбата ќе се смири, сам ќе се појави пред медиумите.
На крај ги благослови Албанците, Македионците и сите што живеат во Македонија.