Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, изјави дека пописот се одвива без проблеми и со посакуваниот интензитет.
Тој соопшти дека вчера се попишале точно 93.235 лица, 29.491 домаќинство и 40.155 станови. Симовски оцени дека ова се одлични податоци, со оглед на тоа што се работи за работен ден.
Во врска со одбивањата на граѓани да се попишат, Симовски рече дека бројот на одбивања е искучително мал, а со тие граѓани се разговара и голем дел од нив потоа се согласуваат да се попишат.
Симовски изрази надеж дека пописот ќе биде заврешен во предвидениот рок.
Инаку, над 500.000 граѓани се попишани во првите 9 дена од Пописот, од кои најмногу се во неделите на 12 септември – 111.186 лица и на 5. септември – 94.975 лица.
Статистичката операција е на третина од предвидените 26 дена пописни активности.