ФУДБАЛ – ГЕРМАНИЈА
Волфсбург остана прв без загубен бод

Ерлинг Браут Холанд со два гола ѝ помогна на Борусија Дортмунд да победи со пресврт и да оствари возбудлив триумф со 4-3 во германската фудбалска Бундес-лига, на мечот со Баер на гости, Холанд реализира и една асистенција. Баерн на гости го победи Лајпциг со 4-1, а на врвот остана Волфсбург, кој единствен сезонава во Бундес-лигата има четири победи по четири кола. По средбите во саботата, Баерн има 10 бода, Борусија Дортмунд и Манјц по девет итн.


ФУДБАЛ – ИТАЛИЈА
Јувентус е без победа по првите три кола

Јувентус останува без победа сезонава, откако загуби од Наполи во првиот натпревар на тимот откако Кристијано Роналдо замина во Манчестер јунајтед. Поранешниот напаѓач на Челси, Алваро Мората, му донесе предност на Јувентус, но головите на Матео Политано и Калиду Кулибали му помогнаа на Наполи да стигне до победата. Јувентус, кој се најде на четвртото место во сезоната 2020/2021, освои само еден бод од првите три натпревари во Серија А.
По саботните дуели, Наполи е прв во лигата со девет бода од три натпревари.


АТЛЕТИКА
Тироп и Тефери соборија светски рекорди

Кенијката Агнес Тироп за 28 секунди го подобри долгогодишниот светски рекорд за жени на 10 километри, а Етиопјанката Сенбере Тефери постави целосен светски рекорд од пет километри од 14:29 на митингот во Херзогенаурах во неделата.
Тироп, освојувачка на бронзениот медал од 10.000 метри на светско првенство, забележа време од 30,01 минути. Тефери, освојувачка на сребро на 5.000 метри во 2015 година, побегна од своите противници по првиот километар победувајќи со време 14,29 минути.
– Многу сум среќна што го соборив светскиот рекорд. Чувствував дека темпото е добро – рече Тироп, пренесе Светската атлетика (СА).
Тефери го собори светскиот рекорд победувајќи со 25 секунди предност пред најблиските конкурентки.
– Многу сум среќна. По Летните олимписки игри во Токио знаев дека сум подготвена да тргнам по овој светски рекорд – рече Тефери.


РАКОМЕТ
Замалек ја пополни листата на учесници на „Суперглоб 2021“

Египетскиот тим Замалек е освојувач на Суперкупот на Африка, откако славеше на мечот со Ал Ахли со 28-27. Со триумфот Замалек го пополни последното место за машкиот турнир „Суперглоб 2021“ во организација на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), кој од 5 до 9 октомври треба да се игра во Саудиска Арабија, објави ИХФ на својата официјална страна.
За најтрофејниот африкански тим ова ќе биде петти настап на Суперглоб, а втор во низа откако заврши на петтото место во 2019 година. За Замалек ова е трет трофеј во низа во Суперкупот, а седми во нивната клупска историја. Та.Д.