ТУРЦИЈА

Генералниот директор на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАС), Темел Котил, најави дека на 18 март 2023 година ќе полетаат првиот турски суперсоничен авион „хурјет“ и турскиот борбен хеликоптер „атак-2“, како и националниот борбен авион на Турција. Котил го изјави ова по повод 15. Меѓународен саем за одбранбена индустрија, кој е отворен во Истанбул.
Турција моментално спроведува повеќе проекти од областа на воздухопловната индустрија, вклучувајќи и производство на суперсонично беспилотно летало „гоксунгур“, а моментално најмногу се фокусирани на проектот „Хурјет“, „Атак-2“ и на националниот борбен авион, објави турскиот портал ТРТ.