Минатиот викенд во Лерин Грција се одржа вториот летен натпревар во рамките на Балканскиот куп на ролери, на 10 км.
На двете трки, во силна конкуренција, македонскиот претставник Ставре Јада (20) беше втор, односно трет, освојувајќи 86.43 и 102.33 ФИС поени. На двете трки најдобар беше Гркот Апостолис Ангелис.
Освоеното второ место и 86.43-те ФИС поени е вториот најдобар резултат за Јада по вредност во кариерата (најдобар му е оној од март годинава во Мецово, Грција на 5 км и освоените 76.79 ФИС поени).
-Пресрекен сум поради добрите пласмани во Грција, тие се потврда за добрата и напорна работа, и за мојата посветеност на скијањето.
Последниве резултати се мојот одговор на критичарите и порака дека ќе продолжам со напорните тренинзи и се надевам, со уште подобри резултати во новата сезона – вели олимпиецот од Пјонгчанг 2018-та, Јада.
Л.Д.