Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра зенека“, донација од Хрватска.
Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, соопшти Министерството за здравство.
Ова е втора донација на вакцини „Астра зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
– Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против коронавирусот го прави поуспешен. Министерот за здравство Венко Филипче изразува голема благодарност до хрватската Влада за овој чин на солидарност – велат од Министерството за здравство.