Денска на Техничкиот факултет во Битола првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и на РЕК „Битола“, Залтко Ќурчиевски на 10 студенти им врачија стипендии.
Договорите ги потпиша Васко Ковачевски, директор на АД ЕСМ.
– Оваа година износот на стипендиите е зголемен од досегашните 60.000 денари на 80.000 денари по студент. Тоа е уште една прилика да ги мотивираме студентите да бидат што повеќе мотивирани за да учат. Со ова ЕСМ уште еднаш ја покажува општестваната одговорност. Инвестираме во овие млади кадри да останат во државата, да ја градат својата иднина овде кај нас, посебно ако можат и во нашата компанија. Тоа ќе значи плус додатна вредност и за нас како компанија – рече директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски во својата изјава за медиумите истакна дека со оглед на новите предизвици пред кои е исправен Комбинатот, а тоа е промената на производството од јаглен на обновливи извори, компанијата ќе има потреба од квалитетни, стручни кадри.
– Покрај тоа што инвестираме не само во давањето стипендии, туку и во давањето помош за изведување на одредени инфраструктурни проекти во рамките на видокообразовните институции, вратите на РЕК се секогаш отворени за волонтерите, практиканти, студенти. Токму од овие кадри во иднина очекуваме несебично да се вложат и да го подобрат производниот процес во РЕК посебно имајќи предвид дека во иднина не очекува и промена на технологијата на производство на електрична енергија, се поготвуваат документациите за изградба на гасните централи и фотоволтаичните централи и од тој аспект и тоа како насушно ни е потребен квалитетен кадар – истакна директорот Златко Ќурчиевски.
Деканот на факултетот Стојанче Нусев рече дека сите десет студенти кои ќе добијат стипендии имаат висок просек над 8.
– Ова нека биде апел до идните матуранти да се запишат на техничките струки на нашиот факултет. Секој ден на нашиот факултет доаѓаат раководители од различни институции и ги бараат инженерите од нашиот факултет да бидат вработени во нивните фирми – рече деканот Нусев.

М.М.