Маслото за самопотемнување е уште поудобно решение од кремот – се шири полесно и побрзо и не остава нерамни траги на кожата, што може да биде случај со некои лосиони. За да направите масло за самопотемнување дома ви се потребни: 3,5 литри вода, 500 гр свеж нелупен морков и 250 гр кафеав шеќер.
Прво измијте го морковот и исечете го на прстени, а водата нека зоврие. Потоа измешајте го кафеавиот шеќер со претходно подготвениот морков, па ставете го сето тоа во врела вода и оставете го да се крчка на тивок оган. Кога варената смеса добро ќе се олади, процедете ја да не останат грутки, по што можете да го истурите маслото во шише, по можност со прскалка, за полесно да се нанесува.