Од денеска македонските државјани може да ја преминат границата со Грција и со брз тест не постар од 48 часа.
– Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од денеска освен со ПЦР-тест не постар од 72 часа, сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за ковид-19 не постар од 48 часа – соопшти МВР.
Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или ПЦР тест. Електронската најава на сајтот за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.
Како и досега, на ГП „Евзони“ нема да се дозволува влез од 22 до 6 часот по средноевропско време.