Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.
На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Република Македонија, како и за напредокот во клучните области.
Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето Европската Унија да ги валоризира севкупните напори на државата и да биде направен исчекор во однос на почетокот на пристапите преговори за членство, во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион. Во светло на последниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, двајцата соговорници разговараа и за односите меѓу двете земји, осврнувајќи се на напорите на португалското претседателство со ЕУ и можностите за надминување на отворените прашања во пресрет на претстојниот Совет за општи работи на Унијата.