Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија минатата година се родени вкупно 19 167 деца, од кои живородени се 19.031, а 136 се мртвородени деца.
Со тоа, бројот на живородените деца во 2020 година, во споредба со минатата година, е намален за 4.1 отсто.
Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.5 отсто, односно на 100 живородени женски деца 106.1 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1.835, се регистрирани во месец јули.
Според возраста на мајката, најголемо учество од 33.6 проценти имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 години, а 27.5 години кај првите раѓања.
Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1991 година.
Во 2020 година се регистрирани 19 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.466 деца или 13 проценти од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.