Во последните 24 часа во Србија се потврдени 2.138 нови случаи на коронавирус, тестирани се 13.832 лица, а починале 26 пациенти.
На лекување во болница се 4.987 пациенти, од кои 161 се на апарати за дишење.
Најновите податоци покажуваат дека бројот на нови случаи и смртни случаи од коронавирус продолжува да опаѓа, пренесува „Танјуг“.
Кризниот штаб денеска одлучи да нема попуштање на мерките.
– Може да зборуваме за попуштање дури тогаш кога бројките ќе бидат многу помали. После 8 мај ќе ги ублажуваме мерките. Тоа значи дека угостителските објекти од затворен тип ќе може да работат – соопшти Кризниот штаб.