Поради снежните врнежи воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Од 10.15 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 14.30 часот забрана за тешки моторни возила регионален пат Кичево Охрид кај Пресека
Од 14.30 часот забрана за тешки моторни возила на магистрален пат Охрид Гостивар кај Стража.