Во плејофот ќе се играат 14 кола, секој со секого двокружно, а сезоната треба да заврши на 12/13 јуни. Првакот на Македонија ќе има директно место во Лигата на шампионите, а екипите што ќе се пласираат од втората до четвртата позиција ќе бидат дел од Лигата на Европа

РАКОМЕТ

Со денешните дуели Еурофарм Пелистер – Струга (17 ч.), Пролет – Металург (18.30 ч.) и Бутел – Охрид (19 ч.) ќе почне трката за титулата во домашното ракометно првенство за мажи. Од првото коло мечот Вардар – Еурофарм Пелистер 2 ќе се игра утре (15 ч.), поради обврските на вардарци во Лигата на шампионите.
Поради пандемијата на коронавирусот минатата сезона беше прекината, не се одигра плејофот и не беше прогласен шампион на „зелена маса“. Улогата на бранител на шампионската титула од сезоната 2018/2019 ќе ја има Вардар, кој е најтрофеен македонски тим со 13 титули, а актуелен победник во Купот на Македонија од сезоната 2018/2019 е Металург, кој има шест трофеи во тоа натпреварување.
Во Купот на Македонија, групната фаза треба да се игра на 30 март и на 1 април, а фајналфор-турнирот е предвиден од 21 до 23 мај. Во плејофот на првенството ќе се играат 14 кола, секој со секого двокружно, а сезоната треба да заврши на 12/13 јуни.
Првакот на Македонија ќе има директно место во Лигата на шампионите, а екипите што ќе се пласираат од втората до четвртата позиција ќе бидат дел од Лигата на Европа.


ДВОЈКИ, 1. КОЛО

Еурофарм Пелистер – Струга 17 ч.
Пролет – Металург 18.30 ч.
Бутел – Охрид 19 ч.
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 утре, 15 ч.