Пратениците ќе ги разгледуваат врските помеѓу траума на главата и деменцијата и како да се ублажат ризиците, пишува „Би-би-си“

ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Во Велика Британија ќе почне парламентарната истрага за поврзаноста помеѓу спортот и повредите на мозокот на долг рок, пишува „Би-би-си“. Пратениците ќе ги разгледуваат врските помеѓу траума на главата и деменцијата и како да се ублажат ризиците.
Минатата година, сер Боби Чарлтон стана петтиот член на репрезентацијата на Англија што триумфира на Светското првенство (СП) во 1966 година, со дијагностицирана деменција. Истрагата за потрес на мозокот во спортот, која ќе почне на 9 март, ќе ги разгледа научните докази и ќе ги сослуша играчите и управните тела. Таа нема да го разгледува материјалот што е вклучен во тековните правни постапки, но ќе ги разгледа потенцијалните импликации од успешното правно дејство и какво влијание може да има тоа на спортот на подолг рок.
Доктор Вили Стјуарт, неврохирургот што водеше истражување за поврзаноста на фудбалот со деменцијата, предупреди дека ова прашање не се однесува „само за фудбалерите од постарата, туку и за фудбалерите од модерната ера“, пишува „Би-би-си“. Упатствата од минатата година до тренерите во Англија, Северна Ирска и во Шкотска беа при работата со деца да се одбегнува удирање на топката со глава. Фудбалската асоцијација (ФА) во моментов поддржува две независно водени истражувачки студии.