КОСОВО

Експлозивниот албански национализам останува фактор на несигурност од прв степен за соседните држави и за балканската политика на Западот. По победата на изборите, Албин Курти во повеќе пригоди се изјасни за референдум за обединување на Косово и Албанија, се посочува во коментарот во австрискиот весник „Стандард“.
Во текстот се споменува и сличниот став на албанскиот премиер Еди Рама за истото прашање, но и за постоењето на „опасност од носталгија“ за можното заокружување на идејата за голема Албанија, со приклучување на источниот дел на Македонија со доминантно албанско население.
Победата на Курти претставува нова почетна основа и за Европската Унија и за САД, но радикалниот албански национализам е неприфатлив за ЕУ, која инсистира на компромис со Србија, без да го признае Косово. Пред новата влада во Приштина стојат големи внатрешнополитички задачи. Доколку не се постигне двотретинско мнозинство во Собранието за избор на нов претседател на државата, можни се нови избори. Клучното прашање е дали Албин Курти, лидерот на Самоопределување, е подготвен или способен да прифаќа компромиси, пишува „Стандард“.