Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен правец. Максималната дневна температура, според УХМР, ќе се движи меѓу 25 и 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје не очекува слично време, со утринска температура до 17, а максималната дневна ќе достогне 34 степени Целзиусови.
Во наредните денови ќе за задржи слично време и висок индекс на УВ зрачење. Минималната температура во вторник ќе биде во интервалот од 12 до 20 степени, а максималната од 30 до 37 степени. Во среда утринската температура ќе се движи меѓу 13 и 21 степени, а максималната од 31 до 38 степени. Двата дена индексот на УВ ќе изнесува 9.