Против 16 лица полицијата поднесе кривична пријава поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Станува збор за лица помеѓу 24 и 55 години, кои на 30 декември биле собрани на забава, спротивно на забраната за групни собири.
Од полицијата велат дека тие биле затекнати во викенд куќа на Дебарско Езеро.