Бугарскиот претседател Румен Радев ги одложи парламентарните избори и повика на промена на процедурите за гласање.
Во врска со измените во постапката за гласање, Радев ги повика претставниците на партијата „Волја“ на консултации.
Лидерот на партијата „Волја“, Веселин Марешки, смета дека вакви консултации не можат да се вршат два месеца пред изборите.
– Ми се чини многу чудно што консултациите се одвиваат токму сега, а не пред шест месеци – изјави Марешки за ТВ Нова.
Тој исто така смета дека не е во надлежност на претседателот да се занимава со промените во изборниот процес, туку треба само да распише избори.
– Претседателот Радев сакаше избори на 28 март и сега тој бара подоцнежен датум. Прашањето е, кој го притиска – рече Марешки.
Радев во декември распиша избори за крајот на март, но на почетокот на јануари, тој нареди да се одложат изборите, како мерка против ширењето на коронавирусот поради големиот број смртни случаи од ковид-19.