Литературно катче
Годината стара одговор бара:
„Заминувам деца, тажна сум и сама,
кажете ми ве молам
желба една да ви остварам?!
Децата во еден глас:
„Замини што побрзо, земи една вреќа
во неа скриј таги, болки,
наместо нив, донеси среќа!
Врати нѐ во клупите,
во училиштето мило,
тажно е и празно
како што никогаш не било.
А ние ќе ти вратиме
со насмевки и љубов,
врати ни ги детството
и животот убав!
Автор: Димитар Рингачев 5-б одделение,
ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица
Менторка: Стојка Азманова
Прво место во категоријата мала група од прво до петто одделение, на тема ,
,Нова година – нова надеж за подобро утре“, распишан од Домот за деца и за млади
,,Благој Јанков Мучето“ – Струмица
Оваа 2020 година ни создаде невиден неред
Годините си одат
ред по ред,
но оваа 2020 година
ни создаде невиден неред.
Секој ден ко птици,
седиме сами на своите жици
и чекаме повик од мајка
да се приклучиме во нашата бајка.
Во новата година посакувам
да од љубов ни пораснат крилја
и да ни полета желбата
која во нас се скрила!
Да одлетаме таму
каде што не сме сега,
во училиште, во клупа
да се вратиме,
тоа само ни треба.
Авторка: Mарија Медарска 5- б одделение, ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица
Менторка: Стојка Азманова
Второ место во категорија мала група
од прво до петто одделение, на тема
,,Нова година – нова надеж за подобро утре“, распишан од Домот за деца и за млади
,,Благој Јанков Мучето“ – Струмица