Членовите на мотоклубот „Ноу лимит“ денеска подели храна, средства за хигиена и дрва за огрев на неколку семејства од социјален ризик во општината Ѓорче Петров. Еден од членовите, облечен во дедомразовско одело, ги израдуваа со новогодишни пакетчиња дечињата во овие семејства.
– Луѓето посакаа да има што повеќе акции како оваа за да им се помогне, бидејќи помош им е навистина неопходна. Тешко успеваат со минимални приходи да си ги задоволат основните потреби, а посебно проблем им се зимските месеци кога им требаат дрва за огрев за да се затоплат. Ова не е прва ваква акција на клубот „Ноу лимит“, неколку пати во годината донираме она што им е потребно на семејствата кои живеат на работ – вели Дарко Гиговски, член на мотоклубот.
„Ноу лимит“ клубот брои 20 членови и постои две години. Оттаму најавуваат дека нема овде да запрат со хуманитарните акции за социјално-загрозените семејства.