Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 4.080 нови инфекции со коронавирус и 49 смртни случаи. Досега со коронавирус во Србија се заразиле вкупно 307.827 лица, а регистрирани се 2.782 смртни случаи.
Во моментов има 9.651 пациенти во болница, од кои 313 се на апарати за дишење.
Во последните 24 часа биле тестирани 16.022 лица, а од март вкупно 2.171.387 лица.