ИН МЕМОРИАМ
Почина Љубисав Иванов (84), поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ), од 1993 до 1999 година, долгогодишен истакнат фудбалски работник и прв човек на ФК Силекс, почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Под водство на Иванов, еден од најистакнатите фудбалски работници во Македонија, кој беше избран за претседател на ФСМ, на 7 февруари 1993 година, Македонија стана полноправна членка на најважните фудбалски организации, УЕФА и ФИФА. Тој ги предводеше македонската делегација и националната репрезентација на првиот официјален меч Словенија – Македонија, на 13 октомври 1993 година во Крањ.