На Кристијано Роналдо не му беше потребно долго време да го импресионира неговиот нов тренер Андреа Пирло со својата работна навика, откако тренерот на Јуве го испофали португалскиот ветеран по одличниот старт на неговата сезона.
Роналдо постигна три гола и имаше една асистенција во два меча од Серија А и пред денешниот меч со Наполи (ако тој се одигра), Пирло призна дека е воодушевен од работата на Португалецот и најави дека очекува уште повеќе.
– Роналдо работи напорно. Тој прв доаѓа на тренинг и последен си оди. Носи ентузијазам во тимот, кој веднаш се познава на теренот. Ја започна сезоната многу добро и се надевам дека ќе продолжи така до крајот на сезоната. Посакувам да даде гол-два секој натпревар, бидејќи тој е многу важен за нас. Вистински пример за секого – вели Пирло.