Надлежните органи во Грција пријавиле дека во последните 24 часа едно лице починало од коронавирус, додека се евидентирани 177 новозаболени од ковид-19. Кај 20 лица вирусот бил откриен при гранични проверки на патниците кои влегувале во земјата.
Според здравствените власти, од почетокот на пандемијата вкупниот број на заболени изнесува 9.977 лица, починале 260, а оздравеле 3.804 лица. Денешниот број на заболени е понизок од оној вчера кога имаше рекордни 269 заболени и пет починати, како и завчера со 251 и 6 починати.
Во саботата на одделенијата за интензивна нега во Грција имало 36 пациенти на просечна старост од 68 години.