Британскиот премиер, Борис Џонсон, го одложи планираното ублажување на мерките во Англија по порастот на бројот на заразени од коронавирусот поради страв од втор бран на заразата.
Само неколку часа откако Велика Британија воведе построги мерки во делови на Англија, Џонсон објави дека казината, кугларниците и лизгалиштата остануваат затворени, а свадбените прослави се откажуваат.
„Сега го гледаме светлото на предупредувањето на контролната плоча“, одговори Џонсон на новинарско прашање за втор бран на заразата со Ковид-19, кој досега усмрти над 55.000 луѓе во Британија.
„Нашата процена е дека треба да притиснеме на сопирачката за да го задржиме вирусот под контрола“, додал Џонсон.
Ова е нагло прекинување на ублажувањето на мерките и воведување построги ограничувања за повеќе од 4 милиони луѓе.
И додека светот се соочува со мрачно сознание за можен втор бран, Џонсон вели дека вирусот е во полн замав во Азија и Јужна Америка, а континентална Европа се бори да го задржи под контрола.
Вирусот, кој најпрвин се појави во Кина, веќе уби најмалку 670.000 луѓе во светот и турна во колапс големи делови од глобалната економија.