Ако не се прифати ветувањето на ДУИ за премиер Албанец, Ахмети треба да замине во опозиција, смета лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Тој рече дека дури и информациите за ротирачки премиер во кои ДУИ би добиле 1 година премиерско место се поразителни за Ахмети.
– Тоа би значело дека некој си игра со довербата што граѓаните им ја дале. Секоја политичка партија за време на кампањата ветуваше програма за четири години, а не некоја си ротација, со цел по секоја цена да се остане на власт. Бидете сигурни дека ќе тргнат раце и од тоа ветување – рече Села.
Лидерот на Алијансата откри дека се уште не преговараат за влез во новата Влада, а тоа ќе го направат откако ќе биде избран мандатар.
– Единствен контакт кој го имам деновиве е оној со Собранието околу конситутивната седница на Парламентот – изјави Села, запрашан со кого повеќе контактира деновиве околу формирањето на идната Влада, дали со лидерот на СДСМ Зоран Заев или со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој денеска пред новинарите порача дека услов за преговарање на нивните пратеници е албанскиот јазик да биде запишан и во Уставот.