Твитер му го ограничи пристапот на синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Јуниор, на неговиот профил на оваа социјална мрежа по процената дека со негова објава ги нарушил прописите за сузбивање на дезинформациите поврзани со ковид-19.
На најстариот син на претседателот Доналд Трамп пристапот на Твитер му е забранет во траење од 12 часа кога тој вчера објавил видео на кое лекари зборуваат за употребата на лекот „хидроксиклорокин“.
Видеото го отстранија и Фејсбук и Алфабет, во сопственост на Јутјуб по милиони прегледи, а сè поради кршење на правилата за забрана за ширење дезинформации за коронавирусот.
И претседателот на САД ја презеде објавата на спорното видео обвинувајќи го докторот Ентони Фаучи, кој е водечки американски инфектолог, како и приврзаник на Демократската партија, за оспорување на употребата на „хидроксиклорокин“ во лекувањето на заразените од kовид-19.