Управниот суд денеска ќе одлучува за последните тужби за изборите на нова јавна седница, по што се очекува ДИК да ги објави официјалните резултати и да им ги врачи решенијата на новоизбраните пратеници, кои на почетокот на август би се собрале на конститутивна седница на Собранието.
Управниот суд досега ги отфрли сите тужби против решенијата на ДИК, која претходно ги отфрли или одби сите приговори на партиите за гласањето и сумирањето на резултатите.
Судот денеска треба да се произнесе за уште две тужби на ВМРО-ДПМНЕ, и за по една на партијата Демократи и на Единствена Македонија.
Одлуките на Управниот суд во однос на изборите се правосилни.