Во Центарот за јавно здравје во Битола почна со работа лабораторијата за молекуларна дијагностика во која ќе се вршат тестирања за ковид-19.
Лабораторијата е донација на фабриката „Кромберг и Шуберт“, која набави апарат во вредност од 30 000 евра.
Во опремувањето на лабораторијата учествуваше и локалната самоуправа на Битола со донација 10 000 евра.
– Центарот за јавно здравје е регионален центар и ги покрива општините Битола, Ресен, Кичево и Демир Хисар. Предноста ќе биде што кавалитетно и за многу кратко време ќе се добиваат резултати што сега ги носиме во Скопје и ги чекаме. Инаку е планирано во наредниот период во нашата лабораторија да правиме тестирање и за граѓаните на Прилеп и Охрид.
На стартот ќе правиме по 50 тестови со можност во иднина да го заголемиме капацитетот – рече директорката на Центарот за јавно здравје Битола, Елизабета Крстевска.
М.М.