Седумдесетгодишен маж од Велес почина по сообраќајна несреќа, кога возилото во кое бил сопатник излетало од коловозот на автопатот Градско-Велес.
Со возилото управувал 70-годишен маж.
– По незгодата соптникот во возилото Ѓ.М.(70) со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди но од здобиените повреди истиот починал – информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.