Денес, се отвори повеќедневната дигитална конференција со наслов: „Современи алатки за политичка комуникација“, во заедничка организација на политичката гондација на ЦДУ – Фондацијата „Конрад Аденауер“ и ВМРО-ДПМНЕ.
Пред учесниците прв се обрати директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Бекман. Спoред Бекман, соработката помеѓу Фондацијата „Конрад Аденауер“ и ВМРО-ДПМНЕ се одвива на исклучително ниво врз основа на висок степен на заемна доверба и се очекува да продолжи со засилена динамика. Бекман рече дека е потребно, особено во вакви кризни времиња, да се засили соработката помеѓу сестринските партии.
Свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој нагласи дека и покрај огромната криза, која произлегува од состојбите од глобалната пандемија, фактот дека се организира заедничка конференција со Фондацијата „Конрад Аденауер“ е доказ дека германската политичка фондација останува силно посветена на политичкото партнерство и градењето на капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски истакна дека во овие кризни моменти ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во нудење решенија за здравствените и економските предизвици ставајќи ја нашата земја и нејзините граѓани, пред сè.
Обуката предвидува пренесување на најсовремените вештини од областа на современата политичка комуникација од страна на повеќе домашни и странски експерти.