Старт-ап вселенската компанија Рокет Лаб се подготвува овој викенд од Нов Зеланд да лансира во орбитата првиот целосно комерцијален лет.
– Ден Т-1 Електрон е подготвен. Екипата е подготвена. Времето изгледа добро – напиша на твитер компанијата.
Откако првото лансирање во април беше одложено поради технички проблеми, новиот 14-дневен рок за мисијата наречена „Време е за работа“, започнува во сабота.
Ракетата е долга 17 метри и треба да полета од Ланч комплексот 1, прв приваѕем лансирен комплекс на полусотровот Махиа, на северниот дел на Нов Зеланд. Таа ќе носи товар за четири комерцијални клиенти.