Денешната 40-та седница на Владата се одржува oнлајн, со цел почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на вирусот ковид-19.
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, на социјланите мрежи сподели фотографии од седницата.
– Како Влада се прилагодуваме на настанатите услови со појавата на КОВИД-19 во нашата земја. Колку подисциплинирано сите заедно се придржуваме до мерките за претпазливост, толку побргу ќе ја надминеме сериозната закана од вирусот и ќе го вратиме нормалниот тек на нашето секојдневие – напиша Спасовски.
Денешната 40-та седница на Владата на Република Северна Македонија ја одржуваме он-лајн, со цел почитување на мерките и…
Posted by Oliver Spasovski on Понеделник, 13 април 2020