Трите пензиски друштва, Сава пензиско друштво, КБ Прво пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, донесоа заедничка одлука за пренамена на планираните средства од заедничката едукативна кампања за набавка на опрема за ЈЗУ Универзитетската
клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Со цел да им се помогне на здравствените институции и лекарите пензиските друштва донираа три пациент-монитори од производителот „Едан Инструментс“. Со овие монитори се следат виталните функции на пациентите како што се брзината и ритамот
на чукање на срцето или ЕКГ (ЕЦГ), крвниот притисок, телесната температура, брзината
и ритамот на дишење и заситеноста со кислород.
– Како општествено одговорни компании на овој начин сакаме да дадеме поддршка на
институциите и заедницата во справување со кризата. Борбата со ковид-19 вирусот е
заедничка и сите ние заедно преку лична и општествена одговорност треба да дадеме
свој придонес. Со оваа наша донација се надеваме дека ќе помогнеме што побрзо да
се надмине оваа криза. Во оваа прилика би сакале да упатиме и голема благодарност
до сите лекари и здравствени работници кои во овие моменти даваат натчовечки
напори во справување со оваа ситуација – изјавија пензиските друштва по повод
донацијата.