Повеќето држави во целиот свет привремено ги затворија образовните институции во обид да го запрат ширењето на пандемијата на ковид-19.
Овие затворања на национално ниво во 188 земји влијаат врз 91 отсто од учениците и студентите во предучилишно, основно, средно и во високо образование или вкупно речиси 1,6 милијарда лица во целиот свет. Неколку земји спроведуваат локални мерки на затворање на образовните институции, што влијае врз уште милиони други ученици, покажуваат најновите податоци на УНЕСКО.
Според агенцијата на ОН, со мерките за затворање на образовните институции во Македонија се засегнати речиси 360.000 лица од градинките, основните и средните училишта и високообразовните институции.