Во разговор со премиерите на земјите од Западен Балкан, еврокомесарот за проширување Оливер Вархели изрази подготвеност на европските институции да го поддржат регионот во борбата против коронавирусот.
На видеоконференцијата со шефовите на владите на државите од регионот, Вархели потврди дека иницијативата е иницирана од австрискиот канцелар Себастијан Курц.
За време на разговорите, еврокомесарот објави дека Европската комисија (ЕК) анализира како да се поврзе регионот со иницијативите преземени од ЕУ за борба против вирусот Ковид-19.
ЕУ синоќа потврди дека бараат начини како да им помогнат на земјите од регионот да се борат против коронавирусот. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ја најави можноста за пренасочување на ИПА-фондовите за борба против вирусот.