На автобуси на туристичката агенција „Нехар травел“ на граничниот премин Блаце не им беше дозволен излез од државата согласно заклучокот на Владата со цел превенција од ширење на коронавурсот, а на ова претходела расправија меѓу патниците и сопственикот на компанијата кој не дозволувал откажување на турата во Црна Гора и рефундирање на средствата.
Тие се вратени назад во Скопје, а биле следени со полициски возила.
Патниците барале да се откаже турата поради актуелната состојба, но сопственикот на туристичката компанија не дозволил и настојувал да се оди на патувањето. Некои од патниците и по цена да не им се вратат уплатените средства не тргнале за Црна Гора, а останатите, околу 20 лица, тргнале за да не им пропаднат парите. Сопственикот на туристичката агенција „Нехар травел“ дозволил враќање на само 10 проценти од целата сума, велат дел од патниците.
Турата на „Нехар травел“ требала да трае четири дена во Црна Гора.