Арапска лига соопшти дека го отфрла решението за израелско-палестинскиот конфликт, претставено претходно минатата недела од американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека е „неправедно“ кон Палестинците. На министерскиот состанок на организацијата во Каиро, присуствуваше и палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој претходно порача дека палестинските права не се за продажба.
Во соопштението на Арапската лига се наведува дека организацијата го отфрла американско-израелскиот договор затоа што не ги почитува основните права и тенденции на палестинскиот народ. Покрај тоа, организацијата наведе дека арапските лидери ветиле дека нема да соработуваат со американската администрација во тој поглед. Арапските лидери, исто така, инсистирале на потребата од решение на две држави, кое вклучува основање палестинска држава во границите од 1967 година со главен град во источен Ерусалим, палестинскиот сектор на градот окупиран и анексиран од Израел.
Во својот план, Вашингтон оцени дека Ерусалим е неделива престолнина на Израел и предложи формирање главен град на можната палестинска држава во Абу Дис, предградие на Ерусалим. Палестинците бараат цел источен Ерусалим да биде главен град на нивната држава. Други слаби точки на планот се изградбата на израелските населби на Западниот Брег окупиран од 1967 година.
Покрај тоа, Абас во текот на викендот објави прекинување на сите односи, вклучувајќи ги и безбедносните, меѓу палестинската власт и Израел и САД и порача дека американскиот план е „кршење на договорот од Осло“ потпишан со Израел во 1993 година.