САД го повикаа Ирак да ги заштити американските дипломатски објекти, откако американската амбасада во Багдад беше погодена од три ракети, наведува „Гласот на Америка“.
– Ја повикуваме Владата на Ирак да ги исполни своите обврски и да ги заштити нашите дипломатски објекти – рече портпаролот на Стејт департментот.
Последниот инцидент претставува ескалација на серијата ракетни напади во последните неколку месеци кои биле насочени кон ирачките воени бази каде што се распоредени американски трупи.
За овие напади досега никој не презема одговорност, но од Вашингтон постојано ги обвинува воените фракции во Ирак поддржани од Иран. Вчера, една ракета удри во кафетеријата на амбасадата за време на вечерата, додека две други ракети слетале во близина, изјави извор за безбедност на АФП.
– Од септември имало над 14 напади од страна на Иран и негови поддржувачи врз персоналот на САД во Ирак. Безбедносната состојба останува напната, а вооружените групи поддржани од Иран остануваат закана. Значи, ние остануваме будни – вели портпаролот на Стејт департментот.