Годишниот Светски економски форум, кој се одржува во Давос, Швајцарија, започнува денеска и ќе трае до 24 јануари. Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса”.
На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од сите нив ќе побараат да се обврзат на постигнување на нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано.
Форумот и покрај критиките дека е собир на богати и славни, сепак, според оценките на неговите организатори, е обид да се предвидат идните предизвици за човештвото. Речиси 3.000 претставници од 118 земји се очекува да допатуваат во швајцарското одморалиште Давос на Светскиот економски форум, кој ја слави 50 годишнината од своето постоење.
Американскиот претседател Доналд Трамп кој е меѓу 53 шефови на држави и влади што треба да присуствуваат, заедно со стотици деловни лидери и активисти на граѓанското општество, меѓу нив и Грета Тунберг.