Филип Стојаноски (26) беше најбрз меѓу 110-те прилепчани и го фати крстот во осветените води на базенот Салида. Ова му е вторпат на Стојаноски како стигнува до осветениот крст.
– Пред четири години го фатив.Ми донесе среќа, радост и вработување во АРМ. Многу е убаво чувството и сега. Инаку, скокав по осми пат – рече Филип.
Тој од општината доби подарок златен крст и икона од црквата, како и телевизор од спонзорот.
Во Прилеп скокаа 110 лица, од кои шест девојки.Најмладиот учесник имаше девет години. Ка.М.