Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс обвини најмалку 24 лица за намерно подметнување пожари во таа сојузна австралиска држава.
Како што е наведено во соопштението на полицијата, од 8 ноември полицијата презела законски мерки против 183 лица, од кои 40 малолетни, поради кривични дела врзани за избивање пожари.
Правните постапки се движат од опомена до кривична пријава.
Од 183 лица, 53 добиле предупредување или кривични пријави, поради непочитување на целосната забрана за предизвикување пожари, а 47 се обвинети за оставање запалени цигари или кибрит на земја, се наведува во полициското соопштение.
Најмалку 24 лица загинаа низ земјата за време на оваа сезона на пожари.