Надградениот и осовремен граничен премин Табановце, денеска свечено беше пуштен во употреба. Градежите активнсти кои се спроведуваа во рамки на проектот финансиран од фондовите на Европската Унија, кофинансиран од Владата на Република Македонија има за цел да ја зголеми пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за што се изградени две нови сообраќајни ленти, воведени се ефикасни контроли и современи стандарди во работењето на царинската лабараторија која целосно е опремена. На настанот кој е посветен на визибилност на поддршката на Европската унија за транспортните проекти во земјава, се обрати премиерот Зоран Заев.
– Го пуштаме во употреба новореконструираниот инфраструктурен капацитет на ГП Табановце, развиен според најмодерните и функционални стандарди за царинење и за олеснување на трговијата и контролата и ја стартуваме работата на интероперабилниот информатички систем на царинската управа со царинските информатички системи на ЕУ, односно ја носиме ЕУ, новиме високи стандарди на работа во нашата Македонија – рече во обраќањето премиерот.
Компјутерскиот систем, ќе го подобри управувањето и контролата на транзитните постапки, ќе влијае на забрзувањето на царинските постапки и ќе овозможи поефикасен сервис кон граѓаните и бизнис заедницата.
– Република Македонија на патот на европската интеграција вложува големи напори за модернизација на транспртната инфраструктура која претставува занчителен придонес кон подобрувањето на економијата и трговијата, како на домашната така и на регионалната – рече Заев. Тој исткна дека Владата е насочена да ги модернизира сервисите за подобра услуга кон граѓаните.
Евроамбасадорот, Самуел Жбогар истакна дека на овој настан се означува и крајот на последната кампања „ЕУ за ВАС„ која се фокусираше на помошта на ЕУ во областа на транспортот. Новиот терминал посочи ќе помогне во олеснувањето на прекуграничната трговија долж Коридорот 10, што е најважната меѓународна рута низ земјата.
– Шеснаесет милиони евра помош од ИПА инструментот до националната Царинска управа до денес, од кои два милиони посветени на овој терминал, направија вистинско и мерливо влијание. Царината сега е повеќе реномирана и професионална институција отколку што беше во минатото – рече во обраќањето еврокомесарот.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека со проекти како што е модернизацијата и проширувањето на еден од најфреквентните гранични премини, се подобруваат услугите на Царинската управа кон граѓаните и фирмите.
– Со неговата модернизација и надградба, очекуваме значително да се забрза протокот на возила и да се намали времето на задржување на граничниот премин. Ова значи дека граѓаните и превозниците помалку ќе чекаат при премин, а услугата која ќе ја добиваат ќе биде подобра – рече Тевдовски. Тој додаде дека кон подобрување на услугата дополнително ќе придонесе и Транзитниот компјутеризиран систем кој овозможува движењето на стоките кон и од ЕУ и ЕФТА државите да се одвива со еден документ во електронска форма.
Министерот посочи дека целта е преку континуиран реформски процес Царинската управа да биде модерна институција која ќе влијае во креирањето на поволна бизнис клима.
Директорот на Царинската управа Ѓоко Танаскоски во говорот пред присутните истакна дека проектите се реализирани и се усогласени со царинското законодавство на ЕУ. Со проектот посочи ќе се заштеди на време, ќе се подобри квалитетот на услугите и условите за работа на економските оператори и царинските службеници, зголемени се капацитетите за преглед.
– Свесни сме дека основен услов за постигнување на визија да бидеме водечка Царинска управа во регионот која ќе биде целосно усогласена со стандардите на ЕУ е и модернизацијата на администрацијата, развојот на човековите ресурси и ИТ капацитетите, подобрување на условите за работа и обезбедување соодвтена инфраструктура на граничните премини за одржување на високи стандарди – рече Танаскоски.
Тој му врачи плакета на амбасадрот Жбогар за поддршката и придонесот кон подобрување и афирмација на царинското работење. Проектот чини 1,7 милиони евра, од кои 1,3 се европски пари. Проекот се спроведуваше од јануари минатата година.
Табановце е еден од најфреквентните гранични премини во државата каде што се реализира 25 проценти од вкупниот број премини на товарни возила, каде што годишно поминуваат стотици илјади превозни средства и над четири милиони патници од и во Република Македонија.